Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

04.04.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се четири решенија против четворица вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.

- На еден вработен изречен му е отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1 од Колективниот договор на МВР, а се работи за :

М.М., полициски службеник во Одделот за криминалистичка техника, изречено му е отказно решение (неоправдано изостанал од работа три последователни дена).

- На двајца вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7 и 8, а се работи за :

С.А., полициски службеник во Сектор за полиција, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминал наплатната рампа со службена легитимација) и

С.С., полициски службеник при СВР Охрид, изречена му е еднократна парична казна во износ од 15% од месечната плата (ја поминал државната граница без согласност од претпоставениот старешина).

Од страна на Министерството, за вработената Љ.Ч., документарист при СВР Струмица донесено е решение со кое се запира дисциплинската постапка поведена против истата, бидејќи нема повреда на член од Колективниот договор на МВР.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk