Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се девет решенија против деветмина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 4 и член 134 став 1 точка 1, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.
- На еден вработен изречен му е отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1 од Колективниот договор на МВР, а се работи за :
Б.Б., полициски службеник во надворешна канцеларија за криминалистички работи при СВР Скопје, изречено му е отказно решение (неоправдано изостанал од работа три последователни дена).
- На осумина вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 4 и член 134 став 1 точка 7 и 8, а се работи за :
Д.А., водич на безбедносен реон во полициска станица при СВР Струмица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (без согласност од претпоставениот старешина во повеќе наврати си заминувал порано од работа);
Д.С. и А.С., полициски службеници во полициско одделение при СВР Куманово, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (не изготвиле прекршочни пријави и дошло до нивно застарување);
О.Т., полициски службеник во полициска станица при СВР Штип и Александар Чиплакоски, командир на вод при Одделот за посебни единици, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминале наплатната рампа со службена легитимација);
Д.С., полициски службеник во полициско одделение при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (разговарал на мобилниот телефон додека бил на состанок за спроведување на акција);
Љ.Ј. и А.З., полициски службеници во полициско одделение и полициска станица при СВР Скопје, изречени им се парични казни во износ од 10% од месечната плата во наредните четири, односно два месеци (без согласност од претпоставениот старешина го напуштил работното место).