Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

21.03.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди

Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се четири решенија против четворица вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 10 и 11 и член 134 став 1 точка 8 од Колективниот договор на МВР.

- На четворица вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 10 и 11 и член 134 став 1 точка 8, а се работи за :

С.Ш. и А.А., полициски службеници при СВР Куманово, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминале наплатната рампа со службена легитимација);

Г.Б., полициски службеник при Одделот за посебни единици изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (без дозвола ја отклучил канцеларијата на администраторот и го користел фиксниот телефон) и

Г.С., полициски службеник во полициска станица при СВР Штип, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (му упатил навредливи зборови на колега и сакал физички да се пресмета со истиот за време на работа).

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk