- Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се девет решенија против деветмина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4, 5, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР.
- На еден вработен изречен му е отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одредбите по член 134 став 1 точка 8 од Колективниот договор на МВР, а се работи за :
Ј.П., началник на Одделение за илегална миграција, превенција, странци и реадмисија во РЦ за ГР „Исток“, изречено му е отказно решение (извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“).
- На осумина вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4,5,7 и 8, а се работи за :
Љ.Ш., Б.Т. и А.Г., полициски службеници во ПС за БПС при СВР Штип, изречени им се парични казни во износ од 10, односно 15% од месечната плата во наредните четири, односно пет месеци (биле под дејство на алкохол за време на работа);
А.Ж., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Запад“ изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните пет месеци (пропуштил лице да помине државна граница без да му изврши контрола и да внесе податоци во евиденцијата);
П.Н., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (пропуштил лице да оствари излез од државата, а за истото лице имало изречена безбедносна мерка „забрана за влез во Р Македонија);
В.П., полициски службеник во полициско одделение при СВР Струмица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (не дошол на работа и не се јавил да го оправда отсуството);
В.Н., виш инспектор за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните пет месеци (управувал возило со туѓи регистарски таблици) и
К.П., полициски службеник при Одделот за посебни единици, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминал наплатната рампа со службена легитимација).