- Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 14 решенија против 14 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4, 7 и 8 од Колективниот договор на МВР и на истите изречена им е парична казна а се работи за :
Ј.М. и Џ.Е.,полициски службеници во Одделот за посебни единици, изречена им е парична казна во износ 15% од месечната плата во наредните три месеци (се оддалечиле од работното место без согласност од претпоставениот старешина);
В.Л., М.М., Б.И., К.К., В.К. и Т.М., полициски службеници во полициска станица при СВР Штип, изречени им се еднократни парични казни во износ од 10% од месечната плата (не извршиле наредба од претпоставениот старешина);
Н.Т. и Б.И., полициски службеници во полициски станици при СВР Тетово, изречени им се парични казни во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминале наплатната рампа со службена легитимација);
Г.М., полициски службеник во полициска станица при СВР Куманово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (се оддалечил од работното место и бил под дејство на алкохол);
Ј.С., помошник командир на полициско одделение при СВР Куманово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода со службено возило);
С.Р., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (не го известил претпоставениот старешина дека ќе користи боледување) и
К.Д., полициски службеник при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните четири месеци (бил под дејство на алкохол).