Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 


06.03.2009

Утрински весник

Битолската полиција ги собра фармерите

БИТОЛА - Осум пелагониски фармери вчера цел час беа на информативен разговор во битолската полиција. Ваквата постапка на МВР следува само два дена по упадот на фармерите во Општината, кога револтирани што се' уште немаат пари за млекото, насилно го зазедоа Кабинетот на градоначалникот Владимир Талески.
„Бевме повикани од началникот на полицијата со предупредување дека со протестите не треба да го прекршуваме Законот за јавен ред и мир. Но, ние имаме свои тактики како да ја постигнеме целта. Свесни сме дека досега, иако ги најавувавме протестите, сепак, се однесувавме надвор од Законот. Свесни сме и за последиците“, изјави Стојан Кулевски, еден од претставниците на Штрајкувачкиот одбор.
Тој додаде дека битолската полиција била коректна со нив и немала цел да ги заплаши. Заедно со Кулевски на разговор во полиција, меѓу другите, беа повикани и Гоце Кантаровски, Зоранчо Гулевски, како и претседателот на Штрајкувачкиот одбор, Стевче Пивковски.
Фармерите велат дека не бил случаен изборот на оние што вчера во 15,30 часот беа повикани на разговор. „Кога ги најавувавме протестите, се потпишувавме кои сме и што сме. Овде има организатори на протестите, овде има претставници на Штрајкувачкиот одбор“, дополни Кулевски.
Од битолската полиција, по завршувањето на разговорот, околу 16,30 часот, изјавија дека фармерите биле само превентивно повикани
Денешниот ден за млекарите е денот Д. Како што самите велат, ќе чекаат одговор од Владата дали успеала да изврши притисок врз новиот сопственик на млекарницата, Моше Баум, за исплаќање на парите. (А.Б.)

Од банкарска сметка на мртов човек подигнале над 150.000 евра

Две лица подигнале над 150.000 евра од банкарска сметка на починат човек. Тие ја фалсификувале личната карта на починатиот, потоа извадиле дупликат девизна книшка и ги собрале парите. Мозокот на измамата е во бегство заедно со главнината од парите, додека во притвор е лицето кое за одреден процент ги извадило еврата од сметка, соопшти МВР.

Полицијата поднесе неколку кривична пријави против Живко Ј. (55) од Раотинце, Тетовско, и Христо Н. (31), кој е во бегство, а истражен судија им одреди едномесечен притвор.

Според истрагата, приказната почнала во август минатата година, кога починал М.Б. од Скопје. Познавајќи ја добро неговата девизна сметка во Стопанска банка, Христо Н. зел фотографија од Живко Ј., и ја ставил на фалсификувана лична карта на име на покојниот. Потоа, во средината на јануари, во експозитура на банката во скопската населба Црниче, Живко Ј. се лигитимирал на шалтер како починатиот, побарал да му биде издадена дупликат девизна книшка и да му бидат исплатени парични средства во износ од 1.500 евра. Трансакцијата на парите била извршена без проблем. Живко Ј. му ги предал парите на Христо Н., кој чекал пред банката, за што добил 50 евра како надомест. Ова го повториле неколку пати, а последниот пат паднал и најголемиот ќар, кога од банката подигнале 147.190 евра. Од вкупно извадените 151.610 евра, Христо Н. му подарил 12.100 евра на Живко Ј. како надомест за трудот и соработката.
Но, откако блиските на починатиот започнале да расправаат за наследството, сфатиле дека од сметката од банката биле извадени огромни пари. Случајот бил пријавен во полиција, која набргу ја открила измамата.
„Во домот на Ж.Ј. се пронајдени и одземени 12.100 евра, куќиште од компјутер и лист хартија со податоци од починатиот. Во домот на Х.Н. се пронајдени еден принтер, компјутер и скенер, додека по него е распишана потерница“, соопштија од МВР.
Дознаваме дека во прилог на истрагата и' оделе видеоснимки од банката, во кои се гледа кога и како биле подигани пари.
Како што информираат од МВР, Христо Н. веќе бил осуден за случно дело на 4 години затвор.

Во Стопанска банка вчера не го коментираа случајот (Г.А.)

 

Вечер

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО ЕКСПОЗИТУРА НА СТОПАНСКА БАНКА ВО ТОПААНСКО ПОЛЕ


Маскирани разбојници се офајдиле со 360 илјади денари


Тројца маскирани и вооружени лица вчераутро упаднале во експозитура на "Стопанска банка" во скопската населба Топаанско Поле и со закана со оружје од вработените одзеле 360 илјади денари

Тројца маскирани и вооружени лица вчераутро упаднале во експозитура на "Стопанска банка" во скопската населба Топаанско Поле и со закана со оружје од вработените одзеле 360 илјади денари. При грабежот во експозитурата покрај неколкуте вработени имало и странки меѓутоа никој не бил повреден.

Според полицијата завчераутро околу 9 часот тројца маскирани и вооружени арамии ја ограбиле екпозитурата лоцирана на улицата "Благоја Паровиќ". Откако упаднале во банката со вперено оружје кон вработените побарале од нив да ја испразнат касата заканувајќи им се по нивниот живот. Откако тие направиле како што било од нив побарано, тројцата разбојници излегле од експозитурата и побегнале во непознат правец. Од странките кои во моментот на грабежот биле во банката не биле повредени ниту ограбени.

По пријава на случајот, полицијата извршила увид привремено затворајќи ја експозитурата заради разговор со вработените и утврдување на износот кој крадците го понеле со себе. Од банката по пребројувањето било утврдено дека биле украдени вкупно 360 илјади денари во различни апоени.

Експозитурата во текот на денот остана затворена. Вработените ги враќаа странките кои во најголем број беа пензионери велејќи им дека имале технички проблеми. На оние поупорните кои сепак настојуваа да влезат во експозитурата им беше речено дека нема струја, па беа препраќани да ја подигнат својата пензија во најблиската експозитура од Стопанска банка во Чаир.

УСПЕАЛЕ ДА ОГРАБАТ МРТОВЕЦ СО ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЧНА КАРТА


Краделе од сметка на починат


Скопјанец и тетовец успеале да ограбат мртовец правејќи фалсификувана лична карта со која од сметката на починатиот постепено ваделе пари. Измамата ја открило семејството неколку месеци по смртта на нивниот близок кога се повела оставинска постапка за распределување на имотот на починатиот.

Полицијата по пријава на случајот поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Ј.Ж. (55) и Н.Х. (31), под сомнение дека во текот на ноември минатата година изработиле фалсификувале лична карта, со која извадиле дупликат девизна книшка од покојниот Милан Беатовиќ, а потоа ги употребиле како вистинити при што од Банка подигнале околу 151.610 евра, односно 9.324.000.00 денари. Со тоа сториле кривични дела "измама", "фалсификување исправа" и "употреба на исправа со невистинита содржина".

Полицијата, доказниот материјал и Ј.Ж. биле изведени пред Истражен судија, додека Н.Х. бил во бегство. На двајцата од Истражен судија им беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Истрагата на полицијата покажала дека во текот на ноември минатата година Ј.Ж. И Н.Х. ја откриле состојбата на девизната сметка бр.0012653769, сопственост на Милан Бејатовиќ, кој починал на 5. 8. 2008 година. Двајцата смислиле план. За да го спроведат Н.Х. во декември отишол во село Раотница, Тетовско, кај Ј.Ж., каде се договориле како да ја изведат измамата. Скопјанецот зел фотографија од својот компањон и ја искористил за изработка на фалсификувана лична карта на име на покојниот Милан Бејатовиќ, а со фотографија од Ј.Ж.

Двајцата се нашле пред експозитура на една скопска банка. Со фалсификуваната лична карта Ј.Ж. побарал да му издаде дупликат девизна книшка и да му бидат исплатени 1.500 евра. Парите со фалсификуваната лична карта и дупликатот девизна книшка, Ј.Ж. веднаш му ги дал на Н.Х., кој го чекал пред експозитурата, а за извршената услуга му дал 50 евра. Двајцата со фалсификувана лична карта и дупликат девизна книшка на име на покојниот Бејатовиќ на 20, 21 и 22 јануари годинава, подигнал парични средства во износ од 2.000 евра, 920 евра и 147.190 евра, а за завршената работа од Н.Х. вкупно добил износ од 12.100 евра.

Полицијата реагирала откако роднините го забележале случајот во рамки на оставинската постапка. По предходно добиени наредби од Истражен суд, извршени биле претреси во домовите на двајацата осомничени. Во домот на Ј.Ж. биле пронајдени и одземени 12.100 евра, куќиште од компјутер и лист хартија со податоци од починатиот Милан Бејатовиќ, а во домот на Н.Х. Бил пронајден еден принтер, компјутер и скенер, но тој не бил пронајден, поради што била распишана потерница за негово пронаоѓање.

Со Ј.Ж. бил обавен разговор и извршено е препознавање по фотографии на Н.Х. Исто така со наредба на Истражен Суд биле земени и видеозаписите од Стопанска банка, во кои се гледало како Ј.Ж. ги подигнал парите.


А1

Кривични пријави за тепачите од охридскиот аеродром

06.03.2009 12:05

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата И.В. (1973) и З.В.(1991), двајцата од селото Велешта, за “насилство,, и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

На 25 јануари годинава околу 03 часот и 50 минути во холот на аеродромот „Св.Апостол Петар“ пријавените без повод, со тупаници нападнале две лица од Кичево и соборувајќи ги на земја им задале повеќе удари со нозе.

Интервенирале две службени лица од аеродромското обезбедување, пренесува МИА.

Притоа, пријавените И.В. и З.В. потпомогнати од други лица за кои СВР Охрид презема дополнителни мерки за утврдување на нивниот идентитет, физички ги нападнале службените лица, нанесувајќи им повеќе удари со раце и нозе.

Набргу потоа реагирале аеродромските полициски службеници кои го спречиле понатамошното нарушување на јавниот ред и мир, и го прекинале физичкиот напад.

Во моментот кога полициските службеници им помагале на повредените лица, пријавените избегале од аеродромската зграда.

СВР Охрид презема активности за прецизно утврдување на идентитетот на останатите учесници во инцидентот по што против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

СИТЕЛ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДВЕ ЛИЦА КОИ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ КРАДЕЛЕ ОД БАНКАРСКА СМЕТКА НА ПОЧИНАТ

МВР поднесе кривична пријава против Ј.Ж.(55) и Н.Х.(31) за „измама“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Тие во ноември лани фалсификувале лична карта, со која извадиле дупликат девизна книшка од покојниот Милан Беатовиќ, а потоа ги употребиле како вистинити, доведувајќи ги во заблуда шалтерските службеници во Стопанска банка и притоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 151.610 евра (9.324.000.00 денари).

Ј.Ж. и доказниот материјал им се предадени на Обвинителството и на истражен судија, додека Н.Х. е во бегство. Истражниот судија на двајцата им изрече притвор во траење од 30 дена.

МВР информира дека во текот на ноември 2008 по предходно добиено сознание за состојбата на девизната сметка бр.0012653769 во Стопанска банка, сопственост на починатиот Милан Бејатовиќ, сторителите се договориле да изготват фалсификувана лична карта на негово име и да ја употребат како вистинита пред шалтерските работници во Стопанска банка АД Скопје, со цел да подигнат парични средства.

За таа цел Н.Х. во декември лани отишол во с.Раотница, Тетовско, во домот на Ј.Ж. и по претходен договор земал негова фотографија која потоа ја искористил за изработка на фалсификувана лична карта на име на покојниот Милан Бејатовиќ Така изработената лична карта Н.Х. му ја дал на Ј.Ж. на 15.01.2009 пред експозитурата бр.2631 на Стопанска банка во Црниче. Истиот ден првопријавениот ја приложил фалсификуваната лична карта на шалтерскиот работник како вистинита и побарал да му издаде дупликат девизна книшка и да му бидат исплатрени парични средства во износ од 1.500 евра. Исплатените пари со фалсификуваната лична карта и дупликатот девизна книшка, Ј.Ж. веднаш му ги дал на Н.Х., кој го чекал во возило пред експозитурата, а за извршената услуга му дал 50 евра. Ваквата постапка со фалсификувана лична карта и дупликат девизна книшка на име на покојниот Милан Бејатовиќ ја повториле повеќепати и кај други шалтерските работници во Стопанска банка. Ј.Ж на 20, 21 и 22 јануари подигнал 2.000 евра, 920 евра и 147.190 евра, а за завршената работа од Н.Х. вкупно добил износ од 12.100 евра.

Полицијата по претходно добиена кривична пријава од страна на Стопанска банка АД Скопје, која реагирала откако роднините го забележале случајот во оставинската постапка, презеде мерки и активности  за откривање на сторителите. По предходно добиени наредби од истражен судија, извршени  се претреси во домовите на осомничените. Во домот на Ј.Ж. пронајдени и одземени се 12.100 евра, куќиште од компјутер и лист хартија со податоци од починатиот Милан Бејатовиќ, а во домот на Н.Х. еден принтер, компјутер и скенер. Н.Х. засега и е недостапен на полицијата и по него е распишана потерница. Со Ј.Ж. е извршен службен разговор и препознавање по фотографии на Н.Х. Земени се видео записи од Стопанска банка, во кои се гледа како првопријавениот ги подига паричните средства и се доставени  во прилог на кривичната пријава.

Н.Х. и претходно извршувал слични кривични дела, а последен пат е пријавен на 22.11.2007 заради препродавање акции од Макпетрол со фалсификувана лична карта. За ова дело, е осуден на казна затвор од 4 години, а претходно е пријавуван и за фалсификување пари и тешки кражби.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk