Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

02.03.2009 СВКПС
Контрола на наплатните станици “Глумово“ и “Романовце“

Денес (02.03), во периодот од 6,00 до 11,00 часот, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР, во рамките на своите континуирани активности, изврши контрола на наплатните станици “Глумово“ и “Романовце“, а согласно наредбата од 04.01.2009 година за забрана на употреба на службените легитимации од страна на овластените службени лица и полициските службеници на МВР при минување на патарините, спротивно пропишаните закони и подзаконски акти - потпишана од министерката за внатрешни работи.

Притоа, во контролата евидентирани се 26 возила, односно возачи кои не платиле патарина, од кои еден бил вработен во ЈП “Македонија пат“, еден во Министерство за финансии и еден вработен во Царинска Управа кој покрај избегнувањето да плати патарина не застанал на знакот Стоп. Останатите се граѓани  кои искористиле згодна прилика за поминување на отворена рампа на наплатните станици или користеле разни видови картички за поминување без да платат патарина. Во денешната контрола, пак, регистрирани се само 26 возила, односно возачи коишто ги минале на наплатните станици без да ја платат задолжителната патарина.

Од почетокот на ваквите контроли по наплатните станици од 28. 12. 2008 досега се извршени вкупно тринаесет, и притоа евидентирани се 546 лица кои со покажување на службени легитимации или на некој друг начин одбегнале плаќање на патарините. Од оваа бројка 37 се вработени во МВР, 44 во сите останати министерства, 20 во АРМ, 12 во Царинската управа, 10 во правосудните институции, 34 во други државни институции а останатите 382 возачи се цивилни лица. На сите кои ги сториле прекршоците од страна на МВР им е издаден платен налог за наплата на глоба во висина од 200 евра, а МВР очекува за оние кои не се вработени во полиција, нивните претпоставени да преземат дополнителни мерки.

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk