Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.03.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди
 Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатите две недели по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против 13 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 5 и по член 134 став 1 точка 1, 7, 8 и 14 од Колективниот договор на МВР.

- На тројца вработени изречен им е отказ на договорот за вработување, заради злоупотреба или пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1 и 14, а се работи за :

С.Е. и Д.Ј., полициски службеници-приправници во Бирото за јавна безбедност изречени им се отказни решенија- неоправдано изостанале од работа три последователни работни дена и

М.Н., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“ изречено му е отказно решение (заради извршено кривично дело „грабнување“).

- На десетмина вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 5 и член 134 став 1 точка 7 и 8, а се работи за :

М.М., полициски службеник во Одделот за крим-техника, изречена му е парична казна во износ 15% од месечната плата во наредните три месеци (не побарал отсуство и не го известил писмено раководителот на организационата единица дека ќе користи боледување);

Џ.Д., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните четири месеци (се оддалечил од работното место без согласност од претпоставениот старешина);

Д.С., раководител на безбедносен реон во полициска станица при СВР Тетово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ја поминал наплатната рампа со службена легитимација);

Г.Д., оперативен работник во Одделот за обезбедување, Т.П., дежурен полициски службеник во ДОЦ на РЦ за ГР „Север“ и Д.А., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“ изречени им се парични казни во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (без налог од командирот излегле на терен со службени возила);

Љ.С., дежурен полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните четири месеци (упатил навредливи зборови кон колега) и С.К., раководител на смена во полициско одделение на граничен премин при РЦ за ГР „Запад“, изречена и е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (не внела точни податоци во компјутерскиот систем и пропуштила лица да остварат влез во Р Македонија, на кои претходно им е изречена забрана за влез во државата).

М.М., водич на безбедносен реон во ПС за БПС на автопат Петровец, изречена и е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (телефонски упатувала закани на женско лице) и И.Ф., раководител на смена при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (одбил разговор со претставници од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, при спроведување на контрола).

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk