Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.02.2009 СВКПС
Контрола на работењето во ПС Крива Паланка и ПО “Ранковце“

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, по претходно изготвен оперативен план, изврши контрола на полициската станица, во надворешна канцеларија за криминалистички работи во Крива Паланка и во ПО “Ранковце“, а со цел утврдување на почитувањето на стандардните оперативни процедури за задржани лица и постапката со повикани и приведени лица; почитување на работното време; увид во дневниот распоред за работа; како и утврдување на алкохолизираност на полициски службеници за време на работењето. 

За време на контролата констатирано е дека по однос на почитувањето на постапката со повикани, приведени и задржани лица во ПС Крива Паланка и ПО “Ранковце“ не се заведуваат во регистарот, не се изготвуваат записници за задржани лица и не се отвараат папки за лицата. Покрај ова направено е и алкотестирање на 45 полициски службеници пришто кај ниту еден не е утврдено присуство на алкохол. По однос на евидентираните процедурални пропусти наложено е во регистарот за лица на коишто по било кој основ им е ограничено движењето да бидат евидентирани и лицата кои се приведуваат по судска наредба.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk