Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

18.02.2008 Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди
Досега издадени глоби за 473 возачи кој не платиле патарина

Во рамките на своите континуирани активности, а согласно наредбата од 04.01.2009 година за забрана на употреба на службените легитимации од страна на овластените службени лица и полициските службеници на МВР при минување на патарините, спротивно пропишаните закони и подзаконски акти - потпишана од министерката за внатрешни работи, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР ја изврши десеттата поред контрола на наплатните станици. Во периодот од 06,00 до 20,00 часот контрола беше направена на пет наплатни станици: “Глумовo“, “Романовце“, “Миладиновци“, “Желино“ и “Гостивар“.

Притоа, констатирано е дека на петте наплатни станици, без да платат патарина, а со покажување на службени легитимации или на друг  начин користејќи згодна прилика, поминаа 61 возила. Од вкупно 61 возачи, кои не платија патарина, тројца се вработени во МВР, еден вработен во Царинска управа на РМ, еден вработен во Министерство за транспорт и врски, еден вработен во Дирекција за заштита и спасување, а останатите 55 се граѓани, кои искористиле згодна прилика за поминување на отворена рампа на наплатните станици или користеле разни видови картички за поминување без да платат патарина. На сите возачи кои ги поминаа наплатните станици, без да платат патарина, им беше издаден  налог за наплата на глоба за сторени прекршоци по член 58, 79 и 80  од  Законот за јавни патишта.

Инаку, од почетокот на ваквите контроли по наплатните станици од 28. 12. 2008 година заклучно со десетта по ред контрола, евидентирани се 473 лица кои со покажување на службени легитимации или на некој друг начин одбегнале плаќање на патарините. Од оваа бројка 37 се вработени во МВР, 43 во сите останати министерства, 20 во АРМ, 12 во Царинската управа, 9 во правосудните институции, 31 во други државни институции а останатите 313 возачи се цивилни лица. На сите кои ги сториле прекршоците од страна на МВР им е издаден платен налог за наплата на глоба во висина од 200 евра, а МВР очекува за оние кои не се вработени во полиција, нивните претпоставени да преземат дополнителни мерки.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk