Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

16.02.2009 Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди
Контрола на единицата “Алфи“

Вчера, 15.02.2009 година, согласно наредба од 12.02.2009 година издадена од Министерот за внатрешни работи, по претходно изготвен оперативен план, од страна на вработени во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди извршена е контрола на ПМЕПБПК - „Алфи“ во СВР Скопје во трите смени. Контролата се однесуваше на утврдување алкохолизираност на полициските службеници за време на работа, контрола за почитување на работното време и контрола на приватните возила на вработените со цел утврдување на важност на рокот на регистрација.

Во акцијата партиципираа началниците на Одделенија во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а во реализација на акцијата беа вклучени и виши советници од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и  полициски службеници од ПС за БПС Скопје.

Извршено е алкотестирање на 128 полициски службеници при што кај ниту еден не е утврдено присуство на алкохол во крвта.

 Од извршената контрола на 10 возила во сопственост на вработени во ПМЕПБПК - „Алфи“ не беа откриени возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Работното време беше почитувано, согласно дневниот распоред за работа.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk