Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

15.02.2009
Неделен билтен на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди
 Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се пет решенија против петмина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 7 и член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор на МВР, како и согласно одредбите по член 109 став 1 точка 1 од Законот за државни службеници.

- На еден вработен изречен му е отказ на договорот за вработување, заради сторени повреди согласно одредбите по член 109 став 1 точка 1 од Законот за државни службеници, а се работи за :

С.Ц., помлад референт за лични карти во полициска станица при СВР Битола, изречено и е отказно решение (неоправдано изостанала од работа три последователни работни дена).  

- На четворица вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 7 и член 134 став 1 точка 7, а се работи за :

Ј.Ј., полициски службеник во НФОО во Одделот за посебни единици, изречена му е еднократна парична казна во износ од 15% од месечната плата (ја свртел видео камерата и на мониторингот не се гледала убаво локацијата што се обезбедува);

В.Н., полициски службеник во Единицата за специјални задачи при Одделот за посебни единици, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (со средствата за работа не постапувал совесно или во согласност со техничките упатства за работа);

Л.П., полициски службеник во полициска станица при СВР Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (превезувал патници, без дозвола за дополнителна дејност) и

Д.С., полициски службеник во СВР Тетово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (учествувал во нарушување на јавниот ред и мир со физички напад). 

Изминатава недела Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди изврши контрола на работењето на полициските службеници во 7 Надворешни канцеларии за криминалистички работи на подрачјето на СВР Скопје. Во периодот од 14.00 до 18.00 часот беа алкотестирани 98 полициски службеници од канцелариите во ПС Кисела Вода, ПС Аеродром, ПС Гази Баба, ПС Чаир, ПС Карпош, ПС Центар и ПС Бит Пазар. Кај двајца од нив е утврдено присуство на алкохол во крвта од 0.93 и 0.11 промили, така што за нив ќе биде предложено покренување на дисциплинска постапка. При контролата не се пронајдени приватни нерегистрирани возила, ниту е констатирано управување на службено возило без соодветен налог. Исто така внатрешната контрола утврдила дека од страна на полициските службеници било почитувано работното време.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk