Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.02.2009 Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди
Досега издадени налози за глоба на 412 возачи кои неплаќале патарина

По претходно изготвен оперативен план, а согласно  годишната наредба од 05.01.2009 година од Министерот за внатрешни работи, од страна Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР вчера (09.02) и во петокот (06.02) беше извршена контрола на наплатни станици при што вкупно беа откриени 121 возило, односно возачи коишто минале без да платат патарини.

Во вчерашната контрола во периодот од 06,00 до 20,00 часот на наплатните рампи “Глумово“, “Петровец“ и “Миладиновци“, без да платат патарина со покажување на службени легитимации или на друг начин минале 90 возила. Од оваа бројка тројца биле вработени во МВР, двајца вработени во АРМ, еден пратеник во Собранието на РМ, еден поранешен заменик министер на МВР, по еден вработен од министерствата за финасии, за животна средина и просторно планирање и за здравство, како и вработени во неколку други државни институции. Останатите 75 возила, односно возачи-граѓани ги минале патарините користејќи ги моментите кога рампите биле подигнати или користејќи разни видови картички без да платат патарина. На сите возачи кои ги минале наплатните станици без да платат патарина им е издаден налог за наплата на глоба за сторени прекршоци согласно нормите од Законот за јавни патишта.

Во контролата, пак, спроведена во петокот (06.02) во периодот од 15,00 до 18,00 часот на наплатните станици “Глумово“ и “Романовце“ законот за јавни патишта го прекршиле 31 возач. Притоа констатирано е дека службените легитимации ги користеле двајца биле вработени во МВР, еден во МО, двајца вработени од Царинската управа, еден вработенот во Центарот за управување со кризи, додека останатите 25 возачи биле цивилни лица коишто на други начини ги минале наплатните станици неплаќајќи ја задолжителната патарина. И во оваа контрола на прекршителите им се издадени налози за наплата на глоба.

Инаку, од почетокот на ваквите контроли по наплатните станици од 28. 12. 2008 година заклучно со вчерашната деветта по ред контрола, евидентирани се 412 лица кои со покажување на службени легитимации или на некој друг начин одбегнале плаќање на патарините. Од оваа бројка 34 се вработени во МВР, 42 во сите останати министерства, 20 во АРМ, 11 во Царинската управа, 9 во правосудните институции, 30 во други државни институции а останатите 258 возачи се цивилни лица. На сите кои ги сториле прекршоците од страна на МВР им е издаден платен налог за наплата на глоба во висина од 200 евра, а МВР очекува за оние кои не се вработени во полиција, нивните претпоставени да преземат дополнителни мерки.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk