Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

09.02.2009
Воспоставен безбедносен комуникациски линк помеѓу Европол и Република Македонија

Со цел интензивирање на соработката помеѓу Република Македонија и Европол, а во насока на исполнување на услови за потпишување на Оперативен договор со Европол, на 06.02.2009 година воспоставен е безбедносен комуникациски линк помеѓу  Европол и Република Македонија со кој е овозможена брза, сигурна, ефикасна размена на информации.

Активностите за воспоставување на линкот беа предмет на интензивно постапување почнувајќи од месец јули 2008 година, кога надлежните преставници од Тимот надлежен за земјите од Западен Балкан на Европол до Сектор за меѓународна полициска соработка, Одделение за Европол доставија известување дека постапката за инсталирање на безбедносен комуникациски линк е предмет на интензивна подготвителна активност во Европол.

Од страна на Европол беа доставени информации за активностите кои во соработка со надлежните служби во МВР беа преземени за воспоставување на комуникацискиот линк, и тоа:

Барање за извозна дозвола за енкрипторска опрема, (активност на  Република Македонија, МВР со подршка на ЕВРОПОЛ);

Авторизација за извоз на опремата од страна на Владата на Велика Британија;

Договор помеѓу Република Македонија и Европол, за правни, финансиски и административни аспекти за безбедносната линија и нејзината употреба (МВР и Европол);

Набавка и достава на опремата (Европол):

Размена на технички информации (МВР и Европол):

Инсталација на опремата ( Европол со подршка на МВР).

Одделението за Европол во соработка со надлежните организациони единици од МВР (правни, технички, финансиски) во периодот од јули 2008 до февруари 2009 година ги презеде сите неопходни активности за да се воспостави безбедносен комуникациски линк за брза и сигурна размена на информации помеѓу Република Македонија и Европол.

Со воспоставување на линкот исполнет е приоритетот „Инфроматичка поврзаност„ од Акцискиот план за имплеменатција на стратешкиот договор со Европол и исполнување на предуслови за склучување на Оперативен договор со Европол .

Исто така, воспоставувањето нат комуникацискиот линк е активност за која од страна на Директорот на Европол и Министерот за внатрешни работи, на 28.10.2008 беше потпишан Меморандум за разбирање во кој се опфатени сите правни, финансиски и административни прашања во врска со инсталацијата и функционирањето на линкот. Целта на овој Меморандум за разбирање е да се регулира воспоставувањето, имплементацијата и работењето на безбедната комуникациска врска за пренос на информациите.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk