- Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи
Во текот на изминатите две недели по спроведена дисциплинска постапка, донесени се две решенија за отказ и парична казни против двајца вработени во Министерството поради сторени повреди, односно заради пречекорување на службените овластувања во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точки 1 и 7 од Колективниот договор на МВР, а се работи за :
- С.Ф., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, заради неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена.
- Љ.М., полициски службеник во полициско одделение при СВР Струмица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (додека користел боледување, без дозвола од претпоставениот старешина ја поминал државната граница).
Согласно наредбата на Министерот за внатрешни работи од 01.02.2008 година Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, по претходно изготвен план, минатата недела изврши контрола на полициски станици на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола и СВР Тетово заради утврдување на почитувањето на стандардните оперативни процедури и работното време, како и алкохолизираност на полициски службеници на работното место.
Извршено е алкотестирање на вкупно 175 полициски службеници од ПС Тетово, ПС Гостивар, ПС Битола, ПС Центар, ПС Карпош, ПС Ѓорче Петров, ПС Чаир, ПС Бит Пазар, ПС Гази Баба, ПС Кисела Вода, ПС Аеродром и ПС Драчево ПО Теарце, ПО Јегуновце, ПО Групчин, ПО Жеровјане, ПО Чегране, ПО Ростуше, ПО Галате и ПО Маврово. Кај 11 службени лица е утврдено приусуство на алкохол во крвта од 0.15 до 2.36 промили.
За сите полициски службеници кај кои е утврдено присуство на алкохол во крвта од страна на СВКПС до непосредните старешни ќе бидат предложени соодветни мерки. Акциските контроли од страна на СВКПС ќе продолжат во континуитет и во иднина.