На 02.02.2009 година, во периодот од 10,30 до 12,30 часот согласно годишната наредба од 05.01.2009 година од Министерот за внатрешни работи, од страна на вработени во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди е извршена контрола на наплатните станици на Републикава, со цел откривање на злоупотреба на службените легитимации и поминување на наплатните станици на вработените на МВР со приватни возила, без притоа да бидат подмирени трошоците согласно со Законот за јавни патишта. Со контролата беа опфатени Глумово, на излез од Скопје за Тетово и Миладиновци на излез од Скопје за Куманово.
Акцијата е спроведена во кординација со преставници на Државниот инспекторат за транспорт и врски, ангажирани во соогласност со член 121 став 1 точка 16 од законот за јавни патишта за превземање мерки од нивна надлежност.
Во наведеното време на двете наплатни станици, без да платата патарина поминаа 21 возило и сите беа управувани од граѓани, не беа откриени лица вработени во државни институции, ниту пак лица вработени во МВР.
На сите возачи кои ги поминааа наплатните станици без да платата патарина им беше издаден налог за наплата на глоба за сторени прекршоци од Законот за јани патишта. Едно од лицата управуваше патничко возило со изминат рок на важење на сообраќајната дозвола, поради тоа што на истиот му беше издаден и налог за наплата на глоба за сторен прекршок од законот за безбедност на патниот сообраќај.