Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

25.01.2009
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминативе две недели по спроведена дисциплинска постапка, донесени се десет решенија против десетмина вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1 и 7 од Колективниот договор на МВР.

- На тројца вработени изречен им е отказ на договорот за вработување, заради злоупотреба или пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 1, а се работи за :

А.Џ., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Запад“ изречен му е отказно решение (неоправдан изостанал од работа три последователни работни дена).

 Е.Н., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Југ“(неоправдан изостанал од работа три последователни работни дена).

Н.П., полициски службеник во полициско одделение при СВР Охрид (неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена).  

- На седуммина вработени изречена им е парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 7, а се работи за :

Г.И. и М.С., полициски службеници во полициски одделенија при СВР Тетово изречена им е парична казна во износ 15% од месечната плата во наредните три месеци (не преземале соодветни дејствија да задржат(спречат) четири лица да не побегнат од местото на настан и не изготвиле службен материјал во врска со настанот);

С.Д., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Југ“,  изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (извршил промена на безбедносниот код од приемниот штембил со кој бил задолжен)

А.Х., полициски службеник во полициска станица при РЦ „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (заради невнимание, лице кое било задржано во полициска станица заради проверки успеало да побегне) и

Г.С., полициски службеник во полициска станица при РЦ „Север“ изречена му е еднократна парична казна во износ од 15% од месечната плата (не извршил проверка за лице, заради што не утврдил  дека за истото било издадено наредба за приведување).

Е.Ш., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“ изречена му е парична казна во износ 15% од месечната плата во наредните шест месеци (во полициска униформа се однесувал недолично и учествувал во тепачка) и

П.К., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје  изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (му упатил навредливи зборови на претпоставениот старешина).

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk