Вчера 16.01.2009 година во периодот од 15,00 до 18,00 часот, согласно годишната наредба од 05.01.2009 година од Министерот за внатрешни работи, по претходно изготвен оперативен план, завчера, од страна на вработени во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди повторно беше извршена контрола на наплатни станици во Републикава, со цел откривање на злоупотреба на службените легитимации и поминување на наплатни станици на вработени во МВР со приватни возила, без при тоа да бидат подмирени трошоците согласно Законот за јавни патишта. Контролата е спроведена во координација со Државниот инспекторат за транспорт во согласност со член 121 став 1 точка 16 од законот за јавни патишта. Со контролата беа опфатени наплатните станици „Глумово”, „Романовце” и „Петровец” на влез за Скопје, наплатна станица „Желино” на излез од Тетово за Скопје.
Во наведеното време на четирите наплатни станици, без да платат патарина со покажување на службени легитимации поминаа 44 возила. На сите возачи кои ги поминаа наплатните станици без да платат патарина им беше издаден платен налог за наплата на глоба за сторени прекршоци по член 68, 69 и 72 од Законот за јавни патишта. Од вкупно 44 возачи, тројца возачи се вработени во Министерство за внатрешни работи, петмина во АРМ , тројца во Ј.П. Македонија пат, двајца од Министерство за економија, еден пратеник, еден возач вработен во влада, еден од Основен суд Крива Паланка, еден судија од Основен суд Виница, еден од Министерство за труд и социјална политика, еден од Министерство за локална самоуправа и еден од финасиска полиција. Останатите 24 возачи се граѓани кој ги поминале наплатните рампи, без да платат патарина користејки разни картички беџови и друго.
Со поминување на наплатните станици без плаќање на патарина, вработените во Министерството за внатрешни работи ја злоупотребуваат службената легитимација, постапувајќи спротивно на телеграмата од 17.05.2007 година, потпишана од Министерот за внатрешни работи, во која е наведено дека „се забранува употреба на службените легитимации од страна на овластените службени лица на Министерството за внатрешни работи, спротивно на начинот и целта утврдени во законите и подзаконските прописи, што ја регулираат предметната материја, а посебно употребата на службени легитимации со цел избегнување на плаќање надомест за употреба на јавен пат (патарина) на овластена наплатна станица”.
Инаку, СВКПС против сите тројца вработени во МВР, кои ги злоупотребија службените легитимации спротивно на подзаконските акти и телеграмата од 17.05.2007 година, од Министерот за внатрешни работи, ќе бидат предложени задолжителни мерки до непосредните старешини каде истите се вработени, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР да поведат постапка за утврдување на одговорност на полициските службеници пред надлежните Комисии за отказ.
Иста ваква акција, од страна на СВКПС беше спроведена во два наврати кога беа откриени 115 службени лица и граѓани, од кои 21 вработени во МВР кој ја злоупотребиле службената значка одбегнувајки да платат патарина. Со тоа вкупниот број на откриени и санкционирани службени лица и граѓани во досегашните акции се искачи на 159 од кои 24 се полициски службеници. На сите кои ги сториле прекршоците од страна на МВР им е издаден платен налог за наплата на глоба во висина од 200 евра, а МВР очекува за оние кои не се вработени во полиција, нивните претпоставени да преземат дополнителни мерки.