Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

09.01.2008 Во рамките на спроведувањето на Законот за јавна чистота
Досега пишани над 20.000 казни

Bо рамките на активноститe на Министерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чистота во периодот од 22.09.2008 година се до 09.01.2009 година издадени се вкупно 20.153 платни налози, како и 8.544 записници за општокорисна работа. Од вкупниот број прекршители околу 90 проценти се на возраст над 18 години, додека пак прекршоците во најголем дек се извршени на јавна површина – 19.631. Исто така, во посочениот период изречени се и прекршочни санкции против 106 правни лица.

Поединечно, по подрачја на организационите единици, статистиката за идадени платни налози е следна: СВР Скопје – 7.159 платни налози, СВР Велес – 2.114 платни налози, СВР Охрид – 1.989 платни налози, СВР Струмица – 2.115 платни налози, СВР Куманово -1.497 платни налози, СВР Битола – 1. 340 платни налози, СВР Штип – 1.725 платни налози, СВР Тетово – 1.423 платни налози, Регионален центар за гранични работи “Исток“ – 264 платни налози, Регионален центар за гранични работи “Север“ – 144 платни налози, Регионален центар за гранични работи “Југ“ – 198 платни налози, Регионален центар за гранични работи “Запад“ – 49 платни налози, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај на автопат Демир Капија – 42 платни налози, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај на автопат Петровец – 6 платни налози и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај на автопат Тетово – 18 платни налози.  

Инаку, во периодот од 01. 01. до 09.01. 2009 година, од страна на полициските службеници беа издадени вкупно 519 платни налози, при што на 172 граѓани по нивно барање им беа изготвени записници за општокорисна работа. Околу 90 проценти од вкупниот број на прекршители се сторителите на возраст од над 18 години, а прекршоците во најголем дел се извршени на јавна површина – 512 прекршоци.

Врз основа на направените согледувања, најголем дел од откриените прекршоци во изминатите неколку месеци се согласно член 31 в.в. со член 14, а се однесуваат на следните недозволени активности:

- фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут) - 7.300

- фрлање и оставање на хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена - 3.417

- продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи -2.286

- паркирање на возила на растојание до десет метри од контејнер и други садови за собирање смет и оставање на товарни возила освен на места определени за таа намена - 2.352

(по член 34 в.в. со член 19)

- фрлање и оставање на смет на отворени простори на јавни објекти надвор од места определени за ваква намена – 359

За одбележување е и податокот дека во периодот од започнувањето на интензивните снежни врнежи низ државава заклучно со 08.01 изречени се и прекршочни санкции по основ на член 37 в.в. со член 22 став 1, односно за неисчистени јавни површини од снежни наноси, во 37 случаи, при што во 22 случаи тоа се однесува на лица сопственици на објекти, додека во 15 случаи тие се однесуваат на правни лица. Исто така, прекршочни санкции се изречени и против 40  правни лица, најчесто за фрлање и оставење на отпадоци од градежен материјал, превоз на песок и слични материјали без претходна подготовка и нивна заштита, мешање на бетон и малтер надвор од места определени од општината  и сл.

Досега по Законот за јавна чистота, се поднесени 3.871 барања за поведување на прекршочна постапка, од кои на подрачјето на Штип – 503, Куманово – 420, Охрид – 368, Битола – 224, Струмица - 811, Тетово - 361, Велес - 444, Скопје –671, Регионален центар Запад - 7, Регонален центар Југ – 4, Единица за безбедност на патниот сообраќај на автопат  ДЕМИР КАПИЈА – 2, Регионален центар Север - 26 и  Регионален центар Исток – 30 барања. Покрај ова, Единицата  за безбедност на патниот сообраќај на автопат  ДЕМИР КАПИЈА  досега има поднесено и 27 барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за управување со отпад а пак Единицата за безбедност на патниот сообраќај на автопат  ТЕТОВО  по основ на посочениот закон има поднесено 2 барања.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk