Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

09.01.2009
Планирани активности за унапредување на соработката со Европол

Заради имплементација на Стратешкиот договор за соработка потпишан помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Европската полиција - Европол, како и создавање на услови за започнување на преговори за потпишување на оперативен договор со Европол, во текот на 2008 година, беа преземени активности за реализација на предвидените приоритети од Акцискиот план, при што од страна на Одделенето за Европол во соработка со надлежните служби и организиациони единици  целосно се реализирани сите предвидени приоритети од истиот.

Потпишувањето на ROAD MAP - План за идни насоки за делување и постапување заради интензивирање на соработката со Европол е активност која беше предвидена со Акцискиот план, како и со имплементациониот пакет на активности за трети земји и тела на Европол. Со наведениот документ, потпишан од страна на Министерот за внатрешни работи и Директорот на Европол се продлабочува соработката меѓу МВР и ЕВРОПОЛ во делот на заедничко преземање на активности за реализирање на четири основни цели и тоа: Склучување на Оперативен договор, Олеснување на протокот на информации помеѓу ЕВРОПОЛ и надлежните власти во Република Македонија преку СМПС, Одделение за Европол, Обезбедување на потребни средства за СМПС, Одделение за Европол за делување како посредник помеѓу ЕВРОПОЛ и надлежните органи во Република Македонија и зголемување на свесноста за значењето на ЕВРОПОЛ во Република Македонија.  

Планот за идни насоки за делување и постапување заради интензивирање на соработката со Европол е основа за планираните активности на СМПС, Одделение за Европол во текот на наредната година.

Основен приоритет на постапување на Одделението е создавање на услови за Склучување на Оперативен договор помеѓу Република Македонија и Европол со кој ќе се овозможи размена на лични податоци и учество на нашата земја во некои од Работни досиеја за анализи на Европол. За исполнување на овој приоритет предвидени се следните активности:

Достава на Одговорите на Прашалник за заштита на лични податоци [1]

Реализирање на студиска посета / инспекциски увид во делот на заштитата на лични податоци од страна на експертите на ЕВРОПОЛ со цел да извршат увид во спроведување на административната пракса при размена на лични податоци.

Изработка на Извештај за заштита на лични податоци во РМ врз основа на посетата и проследување до Управниот одбор на ЕВРОПОЛ (MB -Management Board), Заедничкото тело за надзор (JSB - Joint Supervisory Body) и Советот на Министри (Council of Ministers) со цел ЕВРОПОЛ да добие од страна на Советот овластување за започнување на преговори за потпишување на Оперативен договор.

Вториот приоритет во планираните активности е олеснување на протокот на информации помеѓу ЕВРОПОЛ и надлежните власти во Република Македонија преку СМПС, Одделение за Европол кое е Национална контакт точка за Република Македонија и тоа преку:  

Воспоставување на безбедносна врска - линк помеѓу ЕВРОПОЛ и СМПС, Одделение за Европол за што е потпишан Меморандум за разбирање за воспоставување на безбедна комуникациска врска  помеѓу  Република Македонија и  Европол. Целта на овој Меморандум за разбирање е да се регулира воспоставувањето, имплементацијата и работењето на безбедната комуникациска врска за пренос на информации.Преносот на класифицирани информации употребувајќи безбедна комуникациска врска е ограничен на нивото Europol restricted и неговите еквиваленти во Република Македонија. Во согласност со нивните правила за набавка, Европол ќе изврши набавка на сите стоки и услуги неопходни за воспоставување, имплементација и работење на безбедната комуникациска врска. Трошоците за воспоставување на безбедната комуникациска врска исто така ќе бидат платени од Европол. Мрежата и целата опрема повразана со тоа се обезбедени и остануваат во сопственост на Европол.

Европол ќе биде одговорен за одржување на безбедната комуникациска врска, и доколку е потребно, и за замена на неисправната опрема. Република Македонија, во согласност со применливите процедури, ќе обезбеди пристап за кој било персонал назначен од Европол за таквото одржување и замена на неисправната опрема во релевантните области на нејзините простории. Кога ќе се открие неисправноста од страна на Република Македонија, персоналот за поддршка на клиенти на Европол ќе дејствува првично како техничка помош.

Месечните трошоци за работењето на безбедната комуникациска врска ќе се делат еднакво меѓу страните со 50% од сумата покриено од страна на Европол и 50% од Република Македонија. Европол ќе поднесува фактура директно до Република Македонија за овие трошоци.

Доколку безбедната комуникациска врска треба да биде прекината, Република Македонија ќе ги пренесе регистрираните предмети како имот на Европол.

Воспоставување на внатрешни процедури за проследување на информации од ЕВРОПОЛ од и до СМПС, Одделение за Европол  и надлежните органи во РМ , односно исполнување на обврските од потпишаните Анекси на Протоколите за соработка помеѓу МВР и Царинската Управа и Управата за финансиска полиција, особено во делот на вопоставување на криптирана комуникациска врска за рамена на информации.

Прилагодување на регулаторната рамка за проследување на класифицирани информации, односно функционалност на Подрегистерот за класифицирани инфромции во Одделение за Европол  во делот на физичка, адимистративна, персонална и инфроматичка безбедност на класифицирани информации.

Примена на системот 4х4 при размена на информации, податоците, односно нивно означување со  кодови за ракување и вреднување на информации .

Третиот предвиден приоритет е Обезбедување на потребни средства за СМПС, Одделение за Европол  со цел ефикасно да делува  како посредник помеѓу ЕВРОПОЛ и надлежните органи во Република Македонија . Функционална единица е од особено значење за имплементирање на договорот за соработка во интерес на двете страни и планирано е:

 

Доекипирање на СМПС,  Одделение за ЕВРОПОЛ со професионален кадар согласно словите од Правилникот за состематизација на МВРи нивна едукација,обука

Зајакнување на авторитетот на СМПС, Одделение за ЕВРОПОЛ за да ги координира барањата и одговорите на ЕВРОПОЛ и одговорите со слични барања и одговори разменети преку другите канали на меѓународната полициска соработка (пр SECI и Interpol)

Овластување на СМПС, Одделение за ЕВРОПОЛ да поставува крајни рокови до задолжените органи за постапување по барања на ЕВРОПОЛ  согаласно потпишаните Анекси на Протоколите за соработка помеѓу МВР и Царинската Управа и Управата за финансиска полиција и Правиликот за постапување на Одделенето за Европол

Овозможување на директен пристап до националните разузнавачки и административни системи и бази на податоци на СМПС, Одделение за ЕВРОПОЛ  

Во текот на наредната година ќе се продолжи со зголемување на свесноста за ЕВРОПОЛ во Република Македонија  односно информирање на надлежните органи за продуктите, средствата и работните постапки на ЕВРОПОЛ.  Предвидена е достава на  информации во однос на постапките и барањата кои се однесуваат на различни области на соработка:

-Приоритети и Програма за работа на ЕВРОПОЛ

-Полициско работење засновано на разузнавање,

-Методологија за OCTA (подготовка и начина користење),

-Најдобри пракси за ракување со информатори,

-Информациски системи,

-Постапки за размена на информации со партнери за соработка,

-Документи во врска со заштита на податоци, доверливост и безбедност

Контакт податоци за сите организациони облици на ЕВРОПОЛ доставени од европол ќе  се проследат до сите надлежни органи во РМ

Достава на преглед и распоред на сите настани (вклучително и за обука) кои ќе се организираат во ЕВРОПОЛ во текот на 2009 до сите надлежни органи во РМ

Да се покани РМ да присуствува на соодветни состаноци и семинари во организација на ЕВРОПОЛ

Да се достави листа со ажурирани релевантни оперативни проекти на ЕВРОПОЛ (AWF`s) за РМ да даде поддршка и да оствари корист од истите

Да продолжи соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Центарот за обука и Факултетот за безбедност во делот на обуката со ЕВРОПОЛ

Како што е наведено во потпишаниот План за идни активности, ЕВРОПОЛ и Република Македонија ќе го имплементираат ROAD MAP, ќе следат дали превидените активности се реализираат и ќе вршат оценка дали се постигнати очекуваните резултати до крајот на 2009 година и тоа секоја страна во рамки на својот дел на обврски и надлежност.


[1]Одговорите на Првиот прашалник беа доставени  од страна на РМ, МВР, СМПС, ОЕ  до ЕВРОПОЛ на 30 јануари 2008 година, а одговорите на Дополнителниот Прашалник беа доставени на 12 септември 2008 година .

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk