Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

08.01.2009
Преземени активности на планот на соработката со Европол во текот на 2008 година

Заради имплементација на Стратешкиот договор за соработка потпишан помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Европската полиција – Европол, како и создавање на услови за започнување на преговори за потпишување на оперативен договор со Европол, во текот на изминатата 2008 година, беа преземени активности за реализација на предвидените приоритети од Акцискиот план за имплементација на Стратешкиот договор и започнување на преговори за потпишување на Оперативен договор со Европол, изработен од страна на Одделението за Европол, во соработка со членовите на Работната група во МВР надлежна за Европол.

Од страна на Одделението за Европол,  во текот на изминатата година континуирано се преземаа активности за имплементација на наведениот Акциски план и унапредување на соработката со Европол, како на стратешки така и на оперативен план, при што во текот на изминатата година целосно се реализирани сите предвидени приоритети од истиот.

Со донесувањето на Законот за ратификација на Договорот за стратегиска соработка на Република Македонија и Европол; (Сл. Весник на РМ 17/08) и со доставувањето на писмено известување од МНР до Европол по дипломатски пат за ратификација на Договорот, реализирана е првата предвидена активност од Акцискиот план -  Ратификација на договорот.

Во врска со предвидениот приоритет Имплементација на договорот од Акцискиот план, беа преземени повеќе конкретни активности, меѓу кои дефинирање на :

Правниот статус на Одделението за Европол -  Оваа  активност е реализирана со Правилникот за измена на систематизацијата на работни места на МВР и Правилникот на организација на МВР, кога е формирано Одделението за Европол во рамки на СМПС.

Односи на Одделението за Европол со компетентните национални органи – Во текот на изминатата година по барање на Одделението за Европол назначени беа контакт лица од Царинската Управа и Управата за финансиска полиција, како и од Јавното Обвинителство; Одделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал. Потпишани се Анекси на протоколите за соработка со Царинската Управа и Управата за финансиска полиција од една страна и МВР, БЈБ  од друга страна за делот на соработка со Европол.

Размена на информации во меѓународните релации - Оваа активност предвидува Одделението за Европол да е дел од националните координативни оперативни центри надлежни и за ИНТЕРПОЛ, СЕКИ, Офицери за врска и други меѓународни канали за соработка. Со Правилникот на организација на МВР, Одделението за Европол е дел од СМПС, во рамките на кој функционираат и наведените Одделенија.

Одговорности за координација, Внатрешни работни процедури – Координативните одговорности и соработката на Одделението за Европол со Царинската Управа и Управата за финансиска полиција е регулирано со Анексите од протоколите за соработка, додека со надлежните стратешки и оперативни организациони единици во МВР обврските, надлежностите се предвидени со Правилникот за измена на систематизацијата на работни места на МВР и Правилникот на организација на МВР. Воедно, изработен е Нацрт Правилник и Прирачник за постапување на Одделението за Европол, каде подетално се прецизирани начините за координација и постапување.

Национална стратегија и политика на исполнување на работни задачи - Република Македонија учествуваше во изработката на ОСТА 2009 на Европол и Регионалната ОСТА за Југоисточна Европа, која ќе биде изработена од СЕКИ Центарот.

Односи со Европол – Воспоставени се канали за стратешка соработка на Одделението на Европол со Тимот на Европол надлежен за земјите од Запеден Балкан и со IMT 4 Секторот за управување со информации на Европол.

Пристап до националните податоци – Одделението за Европол има директен пристап во базите на податоци на МВР, а преку назначените контакт лица и со Управата за Финансиска полиција и Царинската Управа. Воедно, Началникот на Oдделението за Европол е член на Работната група за изработка на интегриран систем за криминалистичко разузнавање, односно Национална разузнавачка база на податоци.

Безбедносни правила, класифицирани информации и доверливост, информатичка поврзаност - Во соработка со Секторот за соработка со НАТО и безбедност на класифицирани информации, формиран е Подрегистар за класифицирани информации. Воедно во текот на јули 2008 започната е постапка за воспоставување на безбедносен комуникациски линк на Одделението за Европол и  Европол.

Реализирањето на приоритетот Анализа на евентуални проблеми или пропусти, опфати повеќе активности преземени во текот на изминатата година. Така, на 30.01.2008 доставени се Одговори на Прашалникот за состојбите на функционирање на Националната контакт точка односно Одделението за Европол и Прашалникот за состојбите во областа на заштита на податоци до Европол, додека на 12.09.2008 беа доставени и дополнителни Одговори во делот на заштита на податоци.  Инспекциска посета од страна на експерти од оваа област од ЕВРОПОЛ, заради увид во административната пракса при размената на лични податоци се реализира во периодот  08-11.12.2008.

Во текот на Работилницата за воспоставување на оперативни капацитети на надлежните органи во РМ во Охрид 03-05.09.2008, во соработка со Тимот на Европол надлежен за земјите од Запеден Балкан и Одделението за Европол изработена е Нацрт верзија на План за идни активности кој е потпишан од страна на Директорот на Европол и Министерот за внатрешни работи, при посетата на Директорот на Европол на МВР на 27-28.10.2008. Во текот на посетата беше потпишан и Меморандум за разбирање за воспоставување на безбедносен линк и NEUS опис на мрежа - технички документ во врска со Меморандумот.

Во предвидениот приоритет за подигање на свесноста за потребите од реализирање на соработка со Европол во Република Македонија, преземени се неколку конкретни активности и тоа: реализирана е студиска посета на МВР на Хрватска – Одделение за Европол, организирана е Работилница за воспоставување на оперативни капацитети на надлежните органи во РМ во Охрид во периодот 03/05.09.2008, организирана е студиска посета на Словенија во периодот  14-17.10.2008, договорен е иден Модул за Европол во рамки на Регионален проект со МВР на Австрија и посебно соработка во делот на идната имплеменатција на ILECU`s Проектот.

Во изминатата година се интензивираше и оперативната активност односно учество на  преставници од надлежните органи на МВР на семинари, конференции, организирани од Европол во повеќе области како: финансиски криминал, (перење пари, компјутерски криминал, враќање на имот стекнат со криминал)  трговија со луѓе, состојби со албански криминални групи,  потоа достава на билтени, информации за сите области на криминалот, како и информирање на Европол за сите поважни реализации, со што се изгради стратегија на континуирано информирање на Европол за преземените активности во Република Македонија на оперативен план.

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk