Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

04.01.2009
Донесени решенија по дисциплински постапки против вработени во МВР по разни основи

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се седум решенија против седум вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето согласно одредбите по член 133 став 1 точка 7 и по член 134 став 1 точка  7 и 12  од Колективниот договор на МВР за што им е изречена парична казна а се работи за :

-          З.Ј., полициски службеник во полициска станица при СВР Куманово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (со службено возило предизвикал сообраќајна незгода  додека бил на службена должност);

-          Р.Д., А.Ј. и С.Х., полициски службеници во полициска станица при СВР Струмица изречена им е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (не евидентирале настани во книгата за дневни настани и не изготвиле службени материјали за истите);

-          Д.М., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните пет месеци (на еден од граничните премини ја попречил работата на царинските работници и им упатил навредливи зборови);

-          Г.С., полициски службеник во полициска станица при РЦ за ГР „Север“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (за време на извршување на работните задачи носел приватен вклучен мобилен телефон) и

-          Р.Т., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје изречена му е парична казна во износ 15% од месечната плата во наредните четири месеци (не изготвил службен материјал и не поднел поднесок до Јавниот обвинител).

 

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk