Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.04.2015 СВР Куманово
При претрес откриени ТНТ, десетина ЦД-еа, СИМ картички, мемориски стикови...

На 23.04.2015 година врз основа на добиени судски наредби извршени се претреси на три локации во Куманово. При претресите пронајдени и привремено одземени се: четири парчиња од по 200 грама ТНТ со кафеава боја,  знаме на Р.Албанија со натпис ИЛИРИДА, покана од УЧК, десетина ЦД-eа, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат. По завршување на претресот приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38).

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи кривична пријава против Р.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“. Против истиот и во претходниот период биле поднесени кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и недозволена трговија со оружје.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk