Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

23.04.2015 Реакција на МВР
Објавувањето на личните податоци на повредениот полицаец не е етичко

Откривањето на идентитетот на полициски службеник кој бил нападнат и бил жртва на физичко малтретирање не е, ниту пак може да биде предмет на јавен интерес. Напротив, Министерството за внатрешни работи цени дека со објавувањето на неговиот идентитет може да биде доведен во опасност неговиот живот или безбедноста на неговите блиски, особено и заради фактот што истиот во иднина треба да придонесе во истрагата за случајот.

Оттаму, сметаме дека ваквите детали во текстот објавен на Дојче Веле на 21.04.2015 година, а потпишан од авторот Катерина Блажевска, нанесуваат лична штета на посочениот полициски службеник, но и на останатите полициски службеници чиј идентитет и лични податоци во иднина би можеле јавно да бидат публикувани.

Министерството за внатрешни работи апелира до новинарските здруженија МАН и ЗНМ да им укажат на своите членови во иднина да не се експлоатираат личните податоци на полициските службеници.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk