10.04.2015
Слушната детонација во близина на Владата
Денес (10.04) околу 21,00 часот во МВР е пријавено дека е слушната детонација во близина на Владата во правец кон споменикот „13 Ноември“. Екипи од Одделот за антитероризам и деминирање веднаш излегоа на терен.
Од извршениот увид е пронајдено местото на експлозијата, во тревник кон Вардар, на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата на Владата. Од експлозиијата не е нанесена никаква штета. Од местото на настанот се подигнуваат остатоци за вештачење.
Назад