Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

11.03.2015 Вчера
Крводарителна акција во СВР Тетово

Вчера во Секторот за внатрешни работи Тетово беше спроведена, односно организирана првата крводарителска акција, годинава. Во рамките на акцијата, вкупно дарувани, односно собрани се 29 единици крв, со што вработените од овој Сектор уште еднаш, на најубав начин ја покажаа и докажаа нивната несебичност, солидарност и хуманост дарувајќи крв за да спасат други човечки животи.

Минатата година, во три акции, во Секторот за внатрешни работи Тетово се собрале над 100 единици крв, кои оваа организациона единица при МВР ја вброија меѓу крводарителски најуспешните институции на поширокото тетовско подрачје. Три крводариотелски акции лани, исто така, беа спроведени и во Полициската станица Гостивар, во кои вкупниот број собрани 130 единици крв.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk