Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

26.02.2015 Во текот на овој месец
Повеќе превентивни активности на ПС Неготино

Во текот на овој месец на подрачјето на Полициска станица Неготино од страна на полициски службеници реализирани се повеќе превентивни активности од областа на недозволена трговија со дрога и злоупотреба на дрога, како и мерки за заштита и зголемување на шумскиот фонд.

При тоа, во ООУ Страшо Пинџур во Неготино и ООУ Гоце Делчев во село Долни Дисан, неготинско, реализирани се едукативни работилници со ученици од осмо и деветто одделение на тема “Недозволена трговија со дрога“. На учениците им беа презентирани видовите дрога  и последиците од злоупотреба на дрога. Целта е учениците поблиску да се запознаат со оваа материја со цел истите да ја шират позитивната практика и со тоа придонесат во борбата против ова зло.

Исто така, одржани се две трибини со жителите во село Криволак и село Бистренци- Демир Капија, на тема „заштита и зголемување на шумскиот фонд“ . Во соработка со ЈП Македонски Шуми и Шумска полиција, беше презентирано а потоа и дискутирано за подигање на свеста кај населението за опасноста од неконтролираната сеча на дрва како од државно земјиште, така и од приватен имот, како и бесправен превоз и експлоатација на дрвна маса и опасноста по животната средина. Целта на проектот е јакнење на превентивната улога на полицијата преку соработка со заедницата и соработка помеѓу сите надлежни субјекти.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk