СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против Ф. Џ. (48) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.
Имено пријавениот, од засега непознато лице набавил поголема количина на хероин, кој го препакувал и чувал во својот дом при што истиот ја продавал дрогата на зависници и овозможувал на дел од нив да ја користат во неговиот дом.
Со Наредба од судија на претходна постапка е извршен претрес во неговиот дом, при што се пронајдени 7,45 грама хероин спакуван во четири полиетиленски паковки, 19,40 грама мешавина од парацетамол и кафетин и 14,66 грама лактоза, кои се мешаат со хероинот.
На пријавениот, и претходно му била поднесена кривична пријава за недозволена трговија со синтетички дроги, а истиот е трипати кривично пријавуван за прикривање на предмети кои потекнуваат од кривични дела.