18.02.2015
Ќе следуваат тужби во врска со клеветите околу "Анонимусите"
Јас лично, како Помошник на Министерот за внатрешни работи задолжен за Односи со јавност, најостро ги демантирам сите лаги и клевети објавени на неколку интернет портали за наводно организирање или каква било поврзаност со групата која што се претставила како македонски анонимуси. Кон демантот се приклучуваат и сите колеги наведени во текстот.
Во врска со сите објавени и пренесени стории ќе биде поднесена тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.
Назад