Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

11.02.2015
Крводарителна акција на полициски службеници од Делчево

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст на Република Македонија во Делчево беше организирана прва крводарителска акција во рамките на која крв даруваа вработени во Регионалниот центар за гранични работи Исток, Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево и полициска станица од Делчево.

Акцијата беше реализирана во салата за состаноци на полицската станица од општа надлежност Делчево, и притоа беа собрани вкупно 33 крвни единици од течноста што живот значи. Припадниците на МВР на РМ од организационите единици на Регионалниот центар за гранични работи Исток, Полицска станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево и полициска станица од Делчево на најубав начин ја искажаа својата хуманост и несебичност и на дело потврдија дека целосно се подготвени да им помогнат на оние на кои им е потребна ваква помош.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk