Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

10.02.2015 СВР Скопје
Педесет и седумгодишен скопјанец пријавен за “злоупотреба на безвизниот режим со ЕУ“

Од страна на Одделението за насилен криминал – Отсек за трговија со луѓе при СВР – Скопје, поднесена е кривична пријава против А.И.(57) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело “злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на шенгенскиот договор“.

Имено, пријавениот во периодот од 2013  година организирал и транспортирал повеќе државјани на Р.Македонија од повеќе градови на државата во земјите членки на ЕУ како баратели на азил. А.И. организирал група на транспортери и ги користел своите ПМВ како и ПМВ кои ги изнајмувал од пријатели за паричен надомест. Откако ќе организирал група на баратели на лажен азил по цела територија на Р.Македонија истиот ги транспортирал и на разни начини организирал транспорт во земјните членки на ЕУ.

Така А.И. по предходен договор и добиениот аванс по лице од 150 евра на почетокот на јули 2013 година организирал група од 18 лица кои се чекале кај бензинската пумпа кај гробиштата „Бутел„ и со сопственото ПМВ „Волсваген Шаран„ со скопски регистарски таблици ги транспортирал државјаните на РМ преку ГП „Богородица„. Откако ги внел во Р.Грција ги качил на траект патниците баратели на лажен азил (траектот сами си ги платиле по 35 евра по лице). Од Италија продолжиле со истите ПМВ преку Австрија до Германија до градот Дортмунт во кој бил лоциран главниот камп за баратели на азил каде за транспортот доплатиле уште по 150 евра.

Потоа во средината на јули 2013 година тој исто така организирал помала група од шест-седум лица и исто како и во претходниот случај им земал капар од по 150 евра од патник и откако ги земал од договореното место на Бит Пазар по истата маршута со сопственото возило ги транспортирал државјаните на РМ преку ГП „Богородица„ во Р.Грција потоа со  траект до Италија. Од Италија преку Австрија ги транспортирал до кампот за азил во Дортмунт – Германија. Пријавениот исто така им наплатил уште по 150 евра откако ги транспортирал до пред кампот за азил во Дортмунд, Германија.

Во средината на септември 2013 година А.И. организирал поголема група лица од други градови (баратели на азил) кои ги транспортирал со три ПМВ. Истите поминале на ГП „Блаце„, но пријавениот имал договорено да не ги регистрираат на премините од каде транспортот продолжил преку Косово, Црна Гора, Србија, Унгарија, Австрија се до Германија до кампот во Дортмунд каде лицата барале азил.

Осомничениот е приведен и на истиот од страна на Судија во предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. А.И. минува во евиденција за сторени повеќе дела за кои му се поденесувани кривични пријави по член 378 “фалсификување исправа”, по член 137 “повреда на рамноправноста на граѓаните” и по член 261 “прикривање”

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk