Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

02.02.2015 СВР Скопје
За девет месеци извршиле 14 тешки кражби противправно “заработувајќи“ над 650.000 денари

СВР-Скопје, до надлежното ОЈО  поднесе кривична пријава против лицата А.Е. (19) , К.Ј. (19) и М.Џ. (18) сите од Арачиново, поради основано сомнение дека  извршиле 14 кривични дела и тоа 12 дела - “тешка кражби“ предвидено и казниво по чл. 236 од КЗ и две кривични дела “тешка кражба во обид“ предвидено и казниви по чл. 236/19  од КЗ, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу  666.412  денари.

Имено, кривичните дела пријавените ги извршиле на подрачје на Гази Баба во временскиот период од март до декември минатата година и тоа во 13 случаи во општина Арачиново - од кои 10 се тешки кражби во куќи, една е во обид, една во пошта, и две во моторно возило (од нив една во обид), како и една тешка кражба во куќа во населбата Ченто.

Тешките кражби во куќи ги извршувале најчесто во попладневните и вечерните часови кога сопствениците не биле присутни во своите домови, при што во пет случаи кривичните дела ги извршиле на тој начин што  со употреба на физичка сила ги отворале влезните врати од куќите, во два случаи со помош на подесен  алат и физичка сила  ги отворале  балконските врати, додека во три случаи со погоден предмет насилно делувале помеѓу крилото и касата на прозорец. Во еден случај влегле во куќа со кршење на цилиндерот на бравата од влезната врата. По извршено претурање и пребарување во објектите одземале техничка стока, златен накит, златници и алат за работа.

Тешката кражба во поштата во село Арачиново, пак, е извршена на тој начин што насилно со употреба на погоден предмет ја пресекле фиксната заштитна решетка, направиле отвор, а потоа насилно го отвориле прозорецот. По извршеното пребарување одзеле една метална каса – сеф марка „ЕМО Охрид“ во кој имало 17.412 денари, уплатници со вредност од 33.000 денари, разни документи и предмети сопственост на поштата. Сефот го натовариле во рачна количка, го истуркале во близина на отвореното игралиште во село Арачиново, каде од еден објект успеале да искористат електричен напон и со помош на електрична брусалка го отвориле и ги одзеле парите и останатите предмети. Сефот со патничко моторно возило го однеле  во атарот на село Грушино, каде го фрлиле  во  шумата покрај локалниот пат. Двете тешки кражби во моторни возила ги извршиле  со насилно отварање на предната хауба од возилата при што во еден случај украле еден акумулатор .

Еден дел од противправно одземените предмети ги чувале во станот на третопријавениот М.Џ., додека пак златниот накит и златните пари  за  пониски цени, ги продале во златарски дуќан лоциран во Старата скопска чаршија, а добиените парични средства ги потрошиле за свои потреби. Исто така дел од противправно одземените предмети (телевизори и алати) ги дале на три лица од с. Арачиново за да подмират претходни парични долгови.

Врз основа на добиена судска наредба,  полициски службеници од Одделението за имотни деликти извршија претрес во домовите  на пријавените при што се пронајдени дел од предмети кои потекнуваат од горенаведените  кривични дела и истите се  вратени на оштетените. Исто така во просториите на ПС ОН „Гази Баба“, извршени се разговори со пријавените А.Е. и К.Ј., додека за М.Џ., како и трите лица кај кои се оставени дел од предметите, заради подмирување на претходни долгови се распишани локални потерници. Инаку, од тројцата пријавени, само М.Џ. е регистриран сторител на  кривични дела од областа на имотните деликти за што во 2012 година од страна на СВР Скопје му е поднесена  кривична пријави.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk