Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

25.01.2015
Лице барано од Интерпол приведено во Грција

Министерството за внатрешни работи успешно ја заврши екстрадицијата на 54 годишната Жанета Баша од Гостивар. Истата беше преземена од грчките органи на прогонот и спроведена на издржување на пресудената казна затвор во времетраење од 10 години во КПУ Идризово.

Баша се бараше преку ИНТЕРПОЛ со меѓународна потерница распишана на 06.04.2014 година по наредба на Основниот суд Гостивар, а беше лишена од слобода во Грција на 22.09.2014 година по што и беше изречена мерка притвор и отпочна постапката за нејзина екстрадиција.

Во 2012 година, Основниот суд Гостивар ја прогласи за виновна за сторено кривично дело „Трговија со малолетно лице“ по член 418-г ст. 2 и изрече казна затвор, а дополнително и ја задолжи на оштетените на име надомест на нематеријална штета им исплати износ од по 400.000,00 денари, во рок од 30 дена од правосилноста на пресудата согласно чл. 102 од ЗКП, а во врска со чл. 189 од Законот за облигациони односи. За остатокот од имотното правно побарување оштетените биле упатувени на спор.

Поконкретно, таа се товарела дека трудово и сексуално ги експлоатирала малолетничките на начин што оштетените работеле како келнерки и придружнички на гости во угостителскиот објект Делфина во Гостивар и секогаш кога обвинетата ќе им наредела давале сексуални услуги во нејзиниот стан и во мотелите Елита, Монако и Игнација во Гостивар и во други мотели за износ од 2.000,00 до 3.000,00 денари за еден клиент.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk