Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

23.01.2015 Вчера
Контроли во угостителски објекти и на подрачјето на СВР Битола

Вчера (22.01.)  припадници на СВР Битола во содејство со инспекциски служби од УЈП, по претходно по претходно изготвен план реализираа акциски контроли во угостителски објекти на подрачјата на ПС Битола и ПС од Он Прилеп, при што вкупно беа извршени контроли во 16 објекти.

Односно на подрачјето на ПС Битола : пицерија “Рустико” кафе бар “Симбол”, кафе бар “Арт”, кафе бар “Конект-2”, кабаре “Анита”-село Кравари, и ресторан “Мико”-село Кравари, а пак на подрачјето на ПС од ОН Прилеп контрола беше извршена во: кафе бар “Вирус”, “Хепи Канди”, “Лидо”, “Морнар” и “Инсомниа”, интернет клубови “Клик” и “Андерграунд” и ресторани “Гурман” и “Лав”, и во кафе барот “Селект” (кој беше затворен односно не работеше).

Од страна на УЈП на ресторан “Гурман“  поради неиздавање фискални сметки изречена е забрана за вршење на дејност од 15 дена и парична казна од 3.250 евра (односно 2500 евра за правното лице и 750 евра во денарска противредност за одговорното лице во правното лице), а додека за кафе бар “Инсомниа“ и интернет клуб “Клик“ изречени се глоби во висина од по 2.000 евра во денарска противвредност.  Исто така од страна на полициските службеници издадени се и шест платни налози за глоба за шест лица затекнати со цигари во угостителските објекти, како и два платни налога по Законот за лична карта.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk