Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

18.01.2015 Дисциплински постапки во МВР
Донесени осум решенија против исто толку полициски службеници

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се осум решенија против осум вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2 , 3  и 11 и член 207 став 1 и  точки 4, 8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на четири вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден вработен мерка  – „писмено предупредување”,  на двајца вработени мерка-“отказ“, и на еден вработен мерка- “распоредување еден степен пониско” а се работи за:

Џ.С. командир ПО Групчин изречена му е мерка “парична казна” (постапувал спротивно на правилата и прописите на министерството).

Г.С. самостоен инспектор Единица за ЈРМ изречена му е мерка „писмено предупредување” (со службено возило отишол дома, наместо да го врати во полициска станица).

Б.Н. виш инспектор за НТ со дрога и оружје НК за КР Радовиш изречена му е мерка “парична казна” (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар).

Н.Ш. виш инспектор за општ криминалитет НК за КР Струга изречена му е мерка “парична казна” (не превзел мерки за пронаоѓање на одземеното возило, пронаоѓање и фаќање на сторителот и навремено не го известил ОЈО).

И.И. помлад инспектор за општ криминалитет СВР Куманово изречена му е мерка “отказ” (не постапувал по барања на ОЈО и вештачењата за предметите не ги доставувал во законски предвидениот рок).

А.Ф. полицаец во ЕСЗ изречена му е мерка “отказ” (при извршена анализа му било утврдено присуство на марихуана).

С.С. полицаец во ЕБР изречена му е мерка “распоредување еден степен пониско” (изврши дејствие што претставува прекршок против јавниот ред и мир).

Г.П. полицаец во ПС за БПС Демир Капија изречена му е мерка “парична казна” (заспал на работно место).

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk