Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

07.01.2015 СВР Скопје
Со закана со оружје два часа недозволувал претрес во неговиот дом

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Д.Ѓ. (43) од Скопје,  поради основано сомневање дека неовластено набавил и поседувал поголема количина на огнено оружје и муниција, а на 02 овој месец. држејќи го сопственото дете како заложник, ги спречувал полициските службеници да извршат  наредба за претрес  во неговиот дом, издадена од од Судија на претходна постапка.

За сторените кривични дела казниви по член 382 и 396 од КЗ на РМ (“спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и “неовластено изработување, држење и тргување со оружје или со распрскувачки материјали“) од страна на Судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од  30 денови.

Имено, по претходни сознанија дека Д.Ѓ. неовластено набавил и чувал во неговиот дом  во с. Раштак поголема количина на оружје и муниција, на 02 овој месец. во содејство со полициски службеници од ЕПОИ-АЛФА превзеде мерки и активности за спроведување на Наредба од Судија на претходна постапка за претрес во домот на пријавениот. Кога полициските службеници пристигнале пред домот на пријавениот и затропале на влезната врата, на еден од прозорците се појавил пријавениот со неговата сопруга и малолетно дете (кое го држел во раце) и вперувајќи пушка кон полициските службеници им се заканил дека ако се обидат да влезат ќе пука и во нив и во сопственото дете, по што со мебел  ги забарикадирал двете влезни врати од куќата.

По два часа преговарање, при што пријавениот цело време држел пушка вперена кон полициските службеници, јасно давајќи им до знаење дека нема да ги пушти да влезат, Д.Ѓ. се согласил да го пушти внатре во куќата еден од полициските службеници на Единицата за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи. По влегувањето на полицискиот службеник во куќата, во првиот момент кога Д.Ѓ. се оддалечил од сопругата и детето,  бил совладан и доведен во послушност, по што е пристапено кон извршување на претерс,  при што се пронајдени:  пушка „М-48“ кал. 7,9 мм, пушка “Чешка Збројовка“ кал. 22 мм со оптика „ГАМО“  4х20 TV WA; ловечка пушка „ЦЗ“ кал. 12 мм, автоматска пушка непозната марка и калибар, револвер непозната марка и калибар,  пиштол „ЦЗ М-70“ кал. 9 мм и рамка со пет куршуми за истиот,  воздушна пушка „МЕТЕОР“ В3 кал. 4,5 мм , воздушна пушка „ГАМО“ кал. 6,35 мм, 131 парче различен калибар на муниција, 31 парче боева муниција, делови за различни типови на оружје и машинка за полнење патрони. 

Д.Ѓ. е приведен во службените простории на ОЕКР-ЕНТ. Тој во деведесетите е двапати кривично пријавен за извршени две тешки кражби, поседува дозвола за пиштол и пушка, а во разговорот одбил да даде појаснување од каде и како се набавени пронајденото оружје и муниција во неговиот дом.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk