Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

03.01.2015 ОСОСК
Откриени шест странски државјанки кои на “црно“ работеле како танчерки во “Кораби“ во Горно Седларци

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал,  изврши акциска контрола во угостителскиот објект “КОРАБИ“, лоциран во с.Горно Седларце, општина Боговиње - Тетово, управуван од страна на лицето З.Љ. (37), со цел откривање на незаконски вработувања и нелегален престој на странски државјани.

Од извршената контрола во наведениот угостителски објект, пронајдени се вкупно 16 девојки, кои работат во објектот како танчерки, келнерки и пејачки, од кои три македонски и 13 странски државјанки. При контрола на документите утврдено е дека шест девојки (пет од Албанија и една од Косово) немаат регулиран престој во Р.Македонија, односно, четири девојки со потекло од Албанија, поседуваат активна забрана за влез во Р.Македонија, додека една албанска и една косовска државјанка, немаат остварено регулиран влез во Р.Македонија.

Поради тоа од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе биде поднесена кривична пријава против лицето З.Љ. за сторено кривично дело - “криумчарење мигранти“, предвидено и казниво по чл.418-б став 2 од КЗ на РМ. Пријавениот делото го сторил на тој начин што иако знаел дека имаат забрана за влез во Р.Македонија, ги прифатил, сместил и работно ги ангажирал како танчерки четири албански државјанки, а исто така прифатил и една албанска и една косовска државјанка кои немаат остварено легален влез во Р.Македонија, со цел стекнување на противправна имотна корист. Странските државјанки се сместени во Центарот за странци и од страна на Секторот за гранични работи и миграции, на истите ќе им биде поднесена мерка “Забрана за влез во Република Македонија“.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk