Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

01.01.2015 Министерката Јанкулоска во посета на ЦИК при СВР Скопје
Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ на највисоко ниво

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ беше на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта помина со многу помалку ициденти и случувања во кои беше потребна полициска интервенција од која било друга вечер во годината.

Ова беше истакнато од страна на новиот Началник на СВР Скопје, Ивица Вучевски на брифингот со Министерката Гордана Јанкулоска. Сите полициски службеници, согласно предвидениот план максимално професионално ги извршиле своите задачи обезбедувајќи ги локациите каде што имаше организиран дочек и поголема фреквенција на граѓани.

Началникот ги презентираше резултатите од работењето на Секторот во изминатата година и беше костатирано дека заради зголеменото присуство на терен, зголемените активности, но и зголемената откривачка функција, регистрирано е значително намалување на стапката на криминал за над 24% во однос на претходната 2013 година. Имено на подрачјето на СВР Скопје во текот на 2014 година се регистрирани 12 468 кривични дела, за разлика од 2013 година кога беа регистрирани 16 431 дело. Најголем пад е регистриран во бројот на извршени тешки кражби, односно во 2014 се пријавени 6521 дело, додека во 2013 година биле пријавени 9696 тешки кражби. Значително намалување има и во бројот на разбојништвата, додека зголемување е регистрирано пред се кај кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, како и „Овозможување на употреба на наркотични дроги“. Ова зголемување се должи пред се на отпочнувањето на координираната акција „Мрежа“ насочена против лицата кои препродаваат дрога на улиците низ градовите.

Инаку, новиот началник на СВР Скопје Вучевски доаѓа од позицијата помошник Началник за криминалистички работи во Организациски единици за криминалистички работи, Сектор за внатрешни работи Скопје, МВР на РМ Истиот има завршено Факултет за безбедност и својата кариера ја гради во министерството уште од 1999 година. Почнувајќи ја својата професионална кариера во МВР досега се наоѓал на повеќе раководни позиции меѓу кои и Началник на Отсек за крвни деликти, Главен инспектор – Раководител во Отсек за крвни деликти, Началник на Единица за насилен криминал, Началник на Оддел за сериозен криминал.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk