Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

30.12.2014 Хеликоптерска единица
Припадници на МВР ги евакуираа трите лица од завеаното Ржаново

 

Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, претпладнево евакуираше три лица завеани во викендица во струшкото село Ржаново. Спасувачката мисија беше успешно реализирана а Г.К. (43), Т.К. (42) и едно 15 годишно лице безбедно беа извлечени од селото и пренесени во Струга.

Полициските службеници од хеликоптерската единица, откако се спуштија во селото, извршија и пробивање на патот од куќата до хеликоптерот. Трите евакуирани лица кои пред три дена заминале на викенд, беа во завеаната куќа во Ржаново каде поради силното невреме и снегот чија висина била околу 1, 5 метри не можеле да се вратат во Струга. Тие останаа без сигнал на мобилните телефони и со последни залихи од храна.

Инаку, од утрово во 04,00 часот, прооден е и магистралниот пат Охрид-Кичево и дозволен е сообраќај за патнички моторни возила и мини автобуси но со задолжителна употреба на зимска опрема. На овој патен правец забранет е сообраќајот за тешки товарни моторни возила. СВР Охрид, со повеќе тимови на полициски службеници и вчера вршеше обезбедување на овој патен правец, посебно на потегот од Ботун до Арбиново каде беа завеани 12 патнички и седум товарни моторни возила. Денес привршува подигањето на овие возила со специјални товарни возила.

Во текот на вчерашниот ден, со полициски возила беа пренесени повеќе жители на селата од Дебарца кои поради обврски пеш се движеа по магистралниот пат кон Охрид. СВР Охрид продолжува да биде присутна на патниот правец и да биде во служба на возачите и граѓаните. 

Исто така, припадници на МВР утрово учествуваа и во расчистување на застојот на сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје кај клучката Кондово, односно обиколницата од Сарај кон Скопје каде што поради попреченост на две товарни моторни возила сообраќајот беше во прекин од 09,20 до 10,50 часот.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk