13.12.2014
Пронајдена дрога и оружје во домот на лице од Гостивар
ПС ОН „Гостивар“ при СВР Тетово реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што од слобода е лишено едно лице, македонски државјанин и запленети се околу 20 грама непозната кафеава прашкаста материја и околу 2 грама непозната бела прашкаста материја.
Имено на ден 12.12.2014 година по претходно добиени оперативни сознанија дека лицето Н.Л.(59) од Гостивар се занимава со вршење на кривични дела поврзани со недозволена трговија со наркотична дрога, и по добиена наредба за претрес на дом од Судија во претходна постапка, беше извршен претрес на домот на лицето. Притоа пронајдена е една полиетиленска кеса со околу 20 грама непозната прашкаста материја со кафеава боја, најверојатно хероин, и две помали полиетиленски кеси со околу 2 грама непозната бела прашкаста материја, најверојатно кокаин. Исто така при претресот на домот пронајдени и одземени се и еден гасен пиштол марка „ECOL“, три куршуми со калибар 9 мм, 21 куршум со калибар 6,35 мм, 8.800 денари и 50 евра.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на понатамошно вештачење, додека лицето Н.Л. е лишен од слобода и предаден во ПС ОН „Гостивар“ и против истиот ќе биде поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство - Гостивар за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 став 1 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 став 1 од КЗ на РМ.
Назад