Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

30.11.2014 СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога
Кривична пријава за уште еден скопски нарко дилер

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, во рамки на континуираната акција “Мрежа“, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Б.Ј. (26) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. За стореното кривично дело казниво по член 215 од КЗ, од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека пријавениот, евидентиран уличен дилер на марихуана, во текот на 2014 година неовластено набавил поголема количина на марихуана и анфетамин, наркотици што во зависнот од побарувачката ги препакувал во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки) и истите ги препродавал на уживатели од Скопје, презеде мерки и активности за документирање на тие сознанија

По потврдувањето на сознанието, во три одделни акции во непосредна близина од домот на Б.Ј., истиот е забележан како остварува кратки средби со повеќе различни лица, при што на четири лица од Скопје им е извршен личен преглед и кај сите е пронајдена по една хартиена паковка марихуана. Од извршеното вештачење на  одземените три паковки е констатирано дека станува збор за марихуана со вкупно тежина од  1,98 грама.

Постапувајќи по добиените сознанија, обезбедените материјални докази како и фактот дека Б.Ј. во периодот 2008/2014 година е трипати кривично пријавуван за недозволен трговија со дрога и насилство, припадници на ЕНТ со Наредба од Судија на претходна постапка, извршија претрес во домот и други простории на Б.Ј., при што се пронајдени и одземени 83,25 грама марихуана, 6,36 грама амфетамин и две дигитални ваги, на кои по извршеното вештачење се детектирани траги од амфетамин, кокаин и марихуана.

Б.Ј. е приведен во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде делумно дал појаснување за пронајдената наркотична дрога во неговиот дом. Инаку досега од почетокот на акцијата “Мрежа“ кривично пријавени се околу 150 нарко дилери а запленети се и приближно 515 килограми различни видови дрога.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk