Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

25.11.2014
Кампања - “Среќна и безбедна 2015 година - во семејно и пријателско дружење“

Одделението за превенција при СВР Скопје утре (26.11.) со почеток во 11.00 часот, во ТЦ Капитол во населбата Аеродром, а во  соработка со Мисијата на ОБСЕ,  Црвениот крст на Град Скопје и ученици од основните училишта, ќе започне со активности кои ќе го одбележат  почетокот на кампањата “Среќна и безбедна 2015 година - во семејно и пријателско дружење“.

Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба, како и преземање на низа превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk