18.11.2014
Спроведени сообраќајни контроли на подрачјата на СВР Битола, Тетово и Штип
Во текот на изминатата недела од страна на полициски службеници од СВР- Битола, при сообраќајни контроли биле контролирани вкупно 2.375 возила, при што се констатирани 495 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. При тоа во 25 случаи е констатирано присуство на алкохол кај возачите, констатирани се 57 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 96 возачи управувале возила со над дозволената брзина, 28 технички неисправни возила, 61 нерегистрирани возила или со измината важност на сообраќајната дозвола, 29 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, 58 прекршоци за некористење на сигурносен појас. Исто така беа констатирани четири случаи за престигнување и два за користење на мобилен телефон при управување со возило.
Исто така во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Тетово и СВР Штип во сообраќајни контроли биле контролирани вкупно 379 возачи. При тоа на подрачјето на СВР Штип биле алкотестирани вкупно 195 возачи од кои кај 19 е утврдено присуство на алкохол. Исто така биле констатирани и 12 други прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот при што изготвени се девет налози и три покани за наплата на глоба.
На подрачјето на СВР Тетово алкотестирани биле вкупно 72 возачи од кои кај 12 било утврдено присуство на алкохол, истите се исклучени од сообраќај и изготвени им се платни налози. Исто така во сообраќајните контроли биле откриени биле и други видови прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот при што на прекршителите изготвени им беа поднесоци.
Назад