Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

15.11.2014
Извршени контроли во над шеесет угостителски објекти

На 14.11. беа извршени контроли во 33 угостителски објекти од кои 16 на подрачјето на Неготино и 17 на подрачјето на Кавадарци при што беа изречени три глоби на физички лица како и една глоба на правно лице по Законот за заштита од пушење.

Покрај овие беше извршена и акциска контрола на 12/13.11 при што беа контролирани 29 угостителски објекти од кои шест во Охрид, 16 во Берово и седум во Скопје. При тоа во Охрид беа констатирани прекршоци за физичко и правно лице по Законот за заштита од пушење, еден објект е затворен од страна на УЈП и констатиран е прекршок за нарушување на јавниот ред и мир. Во Скопје исто така беа констатирани прекршоци по Законот за заштита од пушење и три објекти беа затворени од страна на УЈП и Пазарна инспекција при што беа поднесени соодветни поднесоци.

На 13/14.11 беа контролирани пет угостителски објекти во Струмица при што беа констатирани два прекршоци за физички и еден за правно лице по Законот за заштита од пушење и во два угостителски објекти беа констатирани прекршоци од надлежност на УЈП.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk