Извадок на дел од дневните настани
На 04.05.2015 година околу 08,45 часот пријавен е настан дека на ул.„Чаирска“ поточно пред седиштето на ИВЗ на Република Македонија има собир на лица-верници и при тоа е нарушен ЈРМ. Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека истиот ден околу 08,30 часот во просториите на седиштето на ИВЗ дошол доскорешниот скопски муфтија И.Ш.(46) со уште три лица А.Т.(45) С.Б.(35) и А.И.(34) и пред кабинетот на Реисот започнале вербална расправија со дел од вработените. Во еден момент дел од лицата што биле пред седиштето влегле внатре и се обиделе да влезат во кабинетот, по што Р.Џ.(37) вработен во ИВЗ испукал еден куршум во таванот од ходникот и повеќето лица кои се наоѓале таму го напуштиле објектот. Извршен е увид на местото на настанот при што е пронајдена е една чаура и дадена е за вештачење.Од страна на СВР-Скопје изготвен е писмен извештај кој е доставен до ОЈО-Скопје. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 04.05.2015 година во 11,30 часот во ПС-Битола, било пријавено дека ноќтта на 03/04.05.2015 година во с.Кравари-Битола, поточно во црквата Св.Богородица, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што го пресекол катанецот од влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел метални пари во вредност од околу 2.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 04.05.2015 година во 15,30 часот во ПС-Битола, било пријавено дека во текот на ноќтта 03/04.05.2015 година во атар на с.Крстоар-Битола, поточно во манастирот Св.Христофор, НН сторител извршил тешка кражба на тој начин што откорнал метално парче лим поставено на прозорецот и со протнување на раката го отворил истиот, влегол внатре и по извршено пребарување одзел метални пари во вредност околу 300 денари, ланец со крст, привезок крст и магнетна белегзија, со што причинил материјална штета од околу 1.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 04.05.2015 година во 15,20 часот во ПС Ѓорче Петров, вработена во службата за домување на лице, пријавила дека на 03.05.2015 година околу 12,30 часот од Центарот за помош на лица со ментален хедикеп лоциран во с.Волково-Скопје, во непознат правец се оддалечило лицето Ш.Н.(37).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 04.05.2015 година во 22,00 часот во ПС Драчево, лицето Ш.Н.(56) од с.Батинци-Скопје, пријавил дека на 04.05.2015 година во 21,30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син З.Н.(24).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Д.(22) и А.Н.(24) двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“.Пријавените во текот на месец април 2015 година на неутврден начин прибавиле 29 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 американски долари со намера истите да ги пуштат како вистински.На 30.04.2015 година во Свети Николе при намерата така прибавените фалсификувани банкноти да ги протурат биле откриени од страна на полициски службеници кои извршиле преглед на ПМВ Опел Корса и при извршениот преглед на лицата и возилото ги пронашле наведените банкноти. Од страна на полициските службеници со потврда за привремено одземени предмети се одземени горенаведените 29 банкноти, предадени се на вештачење при што е потврдено дека сите банкноти се фалсификувани. Пријавените лица се приведени во полициска станица и со кривичната пријава се предадени на судија на претходна постапка и на истите им е одредена мерка куќен притвор во времетраење од 30 дена.