Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

07.11.2014 МВР во координација со други надлежни институции
Во 53 контролирани објекти изречени 37 прекршоци

МВР во рамките на законските ингеренции и редовното работење, а согласно годишните и месечните планови за работа изминативе денови, во координација со други надлежни државни институции и инспекторати, реализираше низа контроли во угостителски објекти на територијата на целата држава.

Контролите беа спроведени во 53 објекти при што полицијата постапуваше согласно Законот за заштита од пушење, Законот за прекршоци против ЈРМ, Законот за лична карта и Кривичниот законик на РМ.

Од досега спроведените контроли констатирани се : 22 прекршоци по Законот за заштита од пушење, за што на 22 лица им се издадени платни налози за наплата на глоба; 14 прекршоци за неносење лична карта, односно документ  за идентификација по Законот за лична карта еден прекршок за постапување спротивно на наредба на надлежен државен орган  или на ОСЛ на државен орган за забрана да пристапи или да се задржи на одредено место,  по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk