Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

30.10.2014 СВР Скопје
Откриени и запленети 33 стебла “канабис“, 450 грама марихуана но и над 100 куршуми различен калибар

СВР Скопје во рамки на полициската акција “Мрежа“ насочена против трговијата со дрога, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето А.Ѓ. (28) од Скопје поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичните дела - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и “неовлстено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот во текот на годинава  неовластено набавил семе од растението “Cannabis“ и истото го засадил во својот двор на отворено а еден дел во пластеници лоцирани во нивата зад неговата семејна куќата. Стеблата ги одгледувал во пластениците помеѓу растенија од пченка и ги наводнувал преку систем капка по капка. Растенијата кои ги одгледувал на отворено ги покривал со сува пченка со цел да не се гледаат од далеку.

Откако растенијата канабис созреале и оформиле цветови А.Ѓ. ги кастрел цветовите и дел од гранките, ги сушел, и подготвената опојна дрога марихуана ја продавал на уживатели на оваа дрога

Вчера (29.10) по претходно добиени оперативни сознанија, и со претходно обезбедена Наредба издадена од Судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на пријавениот. Притоа, во нивата зад куќата, како и во гулабарник и во бокс за чување куче пронајдени се 33 стебла канабис со висина од едно до два метри, речиси 450 грама опојна дрога марихуна како и четири пластични гајби со исушени гранки и цветови од “канабис сатива“. Исто така октириени и пронајдени се вкупно 110 куршуми од кои 52 се пиштолска муниција кал 7,62х 25 мм, а 50 се пиштолска муниција кал 7,65 мм. Покрај ова при претресот во домот на А.Ѓ. во подрумска просторија во буре со пченица пронајдена е стаклена тегла во која што во црна кеса се пронајдени 6.450 евра и 360.500 денари во различни апоени.  А.Ѓ. вчера беше лишен од слобода во ПС ОН Гази Баба каде во службените простории на ОЕКР-ЕНТ е извршен разговор со него во кој тој не дал било какво појаснување за начинот на сторување на кривичното дело.

Инаку, досега во рамки на акцијата “Мрежа“ приведени и кривично пријавени се околу 130 лица а запленети се приближно 515 килограми разни видови дроги.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk