Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

24.10.2014 Утре пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на “Вардар“ и “Туринген“
Превентивен проект против насилството и недоличното однесување на спортски натпревари

Во рамките на проекот “Скопје-град без насилство“ - Подобрување на безбедноста на јавни места и зголемување на толеранцијата меѓу младите, утре (25.10.) со почеток во 18.00 часот пред објектот на спортскиот центар “Јане Сандански“, во населба Аеродром, Одделението за превенција при СВР Скопје, со поддршка од Одделот за развој на полиција при Мисијата на ОБСЕ, ќе започне со активности од третата фаза на овој проект, односно на активностите наочени кон превенција на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и подигање на свесноста на спортските навивачи во таа насока.

Активности ќе се одвиваат непосредно пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ЖРК ,,Вардар“ и ЖРК,,Туринген“ од Германија. На влезот од СЦ Јане Сандански, ќе бидат изложени два пулта со промотивни материјали со испечатено мото (навивачки шалчиња и удиралки за навивање). Полициските службеници заедно со претставници-ракометари од машкиот ракометен клуб “Вардар“ и ученици од средното училиште “Владо Тасевски“ (кои се вклучени во едукативни работилници во рамките на проектот), пред почетокот на натпреварот, на посетителите ќе им поделат промотивен материјал.

Во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, од страна на претставниците на Црвен крст ќе бидат изложени кутии за собирање на донации кои ќе служат за оставање на метални парички наменети за хуманитарни цели.

Назад

 
Секој упад и злоупотреба на веб страницата на МВР е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија
Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, ул.Димче Мирчев бб, 1000 Скопје, Македонија.
тел: +389 (0)2 3 117 222 факс: (02)3112468 е-пошта: kontakt@mvr.gov.mk