28.09.2014 Во рамки на кампањата “Почитувај ги правилата, почитувај го животот“
Бесплатни такси ваучери за посетителите на “Виноскоп“
Вчеравечер (27.09.) министерката за внатрешни работи, м-р Гордана Јанкулоска заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го посетија фестивалот на виното “Виноскоп 2014” каде што практично реализираа дел од програмските превентивни активности во рамки на владината кампања “Почитувај ги правилата, почитувај го животот“.
“Вечерва“, како што изјави министерката Јанкулоска, “на годинешното издание на Виноскоп заедно со градоначалник на Скопје Коце Трајановски на бројните посетители им поделивме едукативни флаери, беџови и ваучери за бесплатен такси превоз“. “Ова е активност која се реализира во рамки на кампањата "Почитувај ги правилата, почитувај го животот" реализирана од страна на Владата на Република Македонија и истата се реализира во соработка со такси компаниите и Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај, а има цел посовесно возење и подобрување на безбедноста во сообраќајот“, нагласи Јанкуловска.
Назад