11.09.2014 РЦ за ГР Север
“Превенција од кражби и разбојнички кражби“
Инспектори за превенција на РЦ за ГР Север во соработка со Командирот на ПС за ГН Маздрача и инспекторите за превенција од Отсекот за превенција во СВР Тетово одржаа трибина со граѓани од село Јеловјане, тетовско на тема: -“Превенција од кражби и разбојнички кражби“, финансиски поддржана од страна на ОБСЕ.
Трибината беше одржана во просториите на месната заедница во с.Јеловјане во присуство на околу 60 граѓанани од истото село и претставници од месната заедница и локалната власт.
Цел на проектот е Граничниот надзор во својата секојдневна работа и контакти со месното население од селата кои гравитираат кон граничната линија со Р.Косово и Р.Албанија и нивна заштита како потенцијални жртви на разбојнички кражби и кражби .
За време на трибината од страна на инспекторите за превенција на РЦ за ГР Север на присутните граѓани им беше поделен репрезентативен материјал и едукативно информативен материјал со практични примери за заштита од кражби.
Назад